Лабораторија

Лабораторијата е пуштена во употреба на почетокот на 2010 година, откога работи како центар на координираност и контрола на квалитетот на производите на мелничко-пекарската индустрија.

Во лабораторијата работат два оддела: хемиски оддел и реолошки оддел.

Хемискиот оддел е опремен со печка за жарење, сушница – стерилизатор, аналитичка вага “Metler”, апаратура за одредување на седиментационата вредност, процент на влажен глутен, киселинскиот степен на производите и друго. Од особена важност е набавениот лабораториски млин, со помош на кој пчениците во лабораториски услови се доведуваат до брашно, на кое преку контрола на неговите реолошки особини се согледува технолошкиот потенцијал и квалитетот на примената пченица.

Реолошкиот оддел е опремен со современи апарати од фирмата “Brabender” како што се: фаринограф, екстензограф и амилограф.