Пекарница

Пекарата како составен дел на мелничко-пекарскиот комплекс “Диме Доо” Скопје се протега на површина од над 1000 м2 работна површина на две нивоа.

Во склоп на пекарата работат повеќе погони за производство, и тоа:

– Погон за производство на леб
– Погон за производство на специјални лебови

– Погон за производство на печива
– Погон за производство на слатки
– Погон за производство на премикси и адитиви.

Просечното дневно производство на пекарницата изнесува околу 20.000 парчиња леб и околу 5.000 парчиња печива. Премиксите и адитивите воглавно се произведуваат само за сопствени потреби.

Пекарата има главен магацин за суровини и повеќе помали наменски магацини за суровини и амбалажа. Магацинот за суровини е опремен со повеќе комори за прописно чување на суровините и полупроизводите.

Опремата во мелницата, која е од италијанско производство, инсталирана е на пет нивоа (П+4), а управувањето е потполно компјутеризирано, поради што е опслужувано од само еден човек.

Производи на мелницата се

– пченични брашна Т400, Т500, Т850, интегрално брашно, наменско брашно
– ‘ржано брашно, интегрално ‘ржано брашно
– сточно брашно
– трици за човечка исхрана

Квалитетот на суровините и производите постојано се контролираат во сопствената современа лабораторија, а за здравствената исправност редовно се доставуваат мостри до Републичкиот Завод за Здравствена Заштита.